Јапонија се соочува со рекорден пораст на смртоносни напади од мечки, па властите во префектурата Акита на северот од земјата побараа помош од војската за да постави стапици и да пружи логистичка поддршка во контролата на популацијата на мечките.

На војската не и е дозволено да ги убива мечките, па отстрелот и натаму го извршуваат лиценцирани ловци, чија бројка е намалена поради стареењето на населнието, пренесе Си Ен Ен.

Проблемот со мечките во Јапонија е станат толку сериозен што британската влада додаде предупредувања на мечки во своите патни препораки за Јапонија.

Од април ширум Јапонија од мечки се убиени најмалку 13 луѓе, а повеќе од 100 луѓе се повредени.

Локалните власти тестираат дополнителни мерки вклучувајќи камери со вештачка интелигенција и дронови кои емитираат звуци на лаење од кучиња за да ги набркаат мечките.

Слични новости

Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот

Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот

Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател, изјави Трамп.

Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис

Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис

Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.