Барцелона синоќа постигна нова победа во ЛШ против Астон Вила со 3:0, а првиот гол на мечот што го постигна Ламин Јамал го одведе во историјата.

Шпанскиот тинејџер со тоа го постигна 14-тиот гол во Лигата на шампионите и го престигна Мбапе кој го држеше рекордот со 13 голови.

На листата на играчи до 20 години што постигнувале голови во Лигата на шаммпионите е и Ерлинг Халанд со 10 голови, а Раул, Бензема и Белингам имаат постигнато по 6.  

Јамал има цела сезона пред себе да го поправи сопствениот рекорд, бидејќи 20 години полни дури во јули годинава.

Слични новости

И Белгија ја повлече поддршката на Џани Инфантино

И Белгија ја повлече поддршката на Џани Инфантино

Инфантино најави дека идната година повторно ќе се кандидира за претседател на Фифа се до 2031-година. Од друга страна УЕФА го повика Инфантино да се повлече од функцијата и се закани дека ќе ги бојкотира натпреварувањата на ФИФА, вклучувајќи го и Светското првенство во фудбал.