Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа рече дека до него пристигнале нови информации поткрепени со документи кои, како што рече, укажуваат на можни финансиски злоупотреби во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Побара надлежните институции веднаш да реагираат и да ги испитаат наводите.
„Добив извештај придружен со документација која покажува дека во последниот период биле ангажирани возила за чистење, а исплатите за нив се вршеле на сметка на физички лица под изговор дека се работи за интелектуални услуги, со износи меѓу пет и десет илјади евра. Јавно ги повикувам сите релевантни органи да се вклучат и детално да ја проверат состојбата. Веќе најавив ревизии и одговорност, а новите информации потврдуваат дека има сериозни индиции за прекршување на законите, особено во работењето на ‘Комунална хигиена’“, истакна градоначалникот.
Ѓорѓиевски најави и дека во наредниот период ќе бидат извршени дополнителни контроли и во другите јавни претпријатија под надлежност на Градот Скопје, со цел да се утврди дали има слични неправилности и таму.
Слични новости
АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило
До 40 минути се чека на Табановце и на Дојран
. На „Дојран“ времето на чекање изнесува околу 30 минути, додека на излез од државата на „Табановце“ возачите чекаат до 40 минути
Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025
Во Собранието денеска во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година


