Ветеранот Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на Мастерсот во Шангај, откако денеска во полуфиналето беше поразен од Валентин Вашеро од Монако со 6:3 и 6:4. Српскиот тенисер е петти на светската ранг листа, а Вашеро е 204-ти.
По натпреварот Ѓоковиќ изјави дека е неверојатно достигнувањето на Вашеро од квалификант до учесник во финалето. „Играта му беше извонредна и му посакувам се најдобро во финалето. Денеска победи подобриот играч“ изјави Ѓоковиќ по поразот од Вашеро.
Вашеро во финалето во Шангај ќе игра против победникот од мечот меѓу Русинот Данил Медведев и Французинот Артур Риндеркнеш.
Слични новости
ФИФА ги објави кандидатите за наградата за најдобрите
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја објави листата на кандидати за најдобар играч, тренер и голман во женската и машката конкуренција за 2025 година
Феникс им го нанесе на Клиперс третиот пораз во серија
Клипер на гостувањето заминаа значително ослабени, бидејќи Џејмс Харден не беше во тимот, поради лични причини, како и повредениот Каваи Леонард
Лига Европа: Четврта победа на Митјиланд
. Во натпреварот од 4. коло, Митјиланд го победи Селтик со 3:1, забележувајќи ја својата четврта победа


