Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска најави дека неговата влада ќе го зголеми притисокот врз Израел со забрана за бродовите и авионите кои пренесуваат оружје за Израел да се задржуваат во шпанските пристаништа и да влегуваат во шпанскиот воздушен простор.

Санчез најави дека шпанската влада ќе ја зголеми помошта за палестинските власти и дека ќе воведе ембарго на стоката произведена во израелските населби на окупираните палестински територии, пренесува Ројтерс.

„Се надевам дека ова ќе изврши дополнителен притисок на владата на Нетанјхау за да ги ублажи страдањата врз палестинското население“, изјави Санчез.

Шпанскиот премиер најави и дека Шпанија ќе забрани влез на своја територија на сите што директно учествувале во геноцидот во Газа.

 

Слични новости

Аеродромот во Лиеж повторно привремено затворен поради прелет на дрон

Аеродромот во Лиеж повторно привремено затворен поради прелет на дрон

Аеродромот во белгискиот град Лиеж ги продолжи летовите по привременото затвореање поради забележување дрон, соопшти националната служба за контрола на воздушниот сообраќај во петокот, што е втор ваков инцидент оваа седмица