Шон Пен го потврди култниот актерски статус, откако го освои Оскарот за најдобра споредна машка улога во филмот „Една битка по друга“.

Шон Пен го освои Оскарот во многу силна конкуренција, затоа што извонредни улоги имаа и Бенисио дел Торо,  Стелан Скарсгард во „Сентиментална вредност“ и Џејкоб Елорди во „Франкештајн“.

Шон Пен со третиот Оскар им се придружи на актерските великани Џек Николсон и Даниел Деј Луис кои исто така имаат освоено по три Оскари. Претходно, Пен освои Оскари за „Мистичната река“ во 2004 и „Млеко“ во 2009.

Шон Пен не се појави на свеченоста на доделување на Оскарите, како и при доделувањето на Бафта наградите, а Оскарот во негово име го прими презентерот на категоријата Оскар за споредна машка улога Киран Калкин.

 

 

Слични новости

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.