Фудбалерите на Челси синоќа како гости го победија Фулам во последниот меч од првото коло на Премиер лигата со 3:2.
Челси поведе уште во првата минута со голот на Жоао Педро на асистенција на Кол Палмер. Израмни Џошуа Кинг во 23 минута, а Челси повторно дојде во водство во 41 минута со првиот гол на Морган Роџерс во дресот на Челси.
Во второто полувреме Кол Палмер го доведе Челси до водство од 3:1, а Гонзало Гарсија со вториот гол за домаќините го постави конечниот резултат.
Челси во следното коло ќе му биде домаќин на Брајтон, а Фулам ќе гостува кај Сандерленд.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
