Енцо Мареска од Нова година веќе не е тренер на Челси, а клубот веќе в недела го очекува дерби натпреварот против Манчестер сити.
Се очекува тимот од клупата да го води Калум МекФарлан тренерот на младинскиот тим на Челси, а потоа главен кандидат да седне на клупата на Челси е Лијам Росениор тренерот на Стразбур.
Сопствениците на Челси се сопственици и на Стразбур па тој им е наједноствана опција за доведување, барем до летото, бидејќи некој од големите тренери тешко во моментов ќе напушти голем клуб за да седне на жешката клупа на Челси.
Мареска со Челси го освои светското клупско првенство, но по серијата слаби резултати во Премиер лигата имаше големи недоразбирања со управата на клубот.
Слични новости
Крај на сезоната за Џејми Гитенс од Челси
Фудбалерот на Челси Џејми Гитенс ќе отсуствува подолго време од терените поради повреда на бутниот мускул, соопшти денеска лондонскиот клуб.
Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана
Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.
Пејтон Вотсон најновиот повреден кај Денвер Нагетс
Пејтон Вотсон има повреда на задната ложа и не е познато колку ќе отсуствува од теренот. Поради истата повреда Арон Гордон не игра веќе со месеци.


