Британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга кралицата Камила присустсвуваа на изложбата „Кралицата Елизабета Втора нејзиниот живот со стил“, која се одржува во Бакингемската палата. Ова е прв од низата настани со кои одбележува 100 годишнината од раѓањето на починатата кралица Елизабета.
Повеќе од 300 предмети, од венчаницата на починаата кралица до облеката која ја носеше на отворањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 се изложени на најголемата изложба на нејзиниот гардеробер, пренесе Ројтерс.
Елизабета е најдолговечната кралица која на британскиот трон беше 70 години.
Слични новости
Ерик Клептон го прекина концертот во Мадрид откако беше погоден со предмет од публиката
Музичкиот спектакл на Ерик Клептон во мадридската „Мовистар арена“ наместо со аплуз и бис се заврши со напната атмосфера и гаснење на светлата. Легенадниот гитарист ја напушти бината крајно изнервиран, откако бил погоден со предмет фрлен од публиката.
Бони Тајлер во индуцирана кома по итна операција
Британската пејачка Бони Тајлер се наоѓа во индуцирана кома, за да и се олесни опоравувањето од итната операција која и беше извршена во Португалија, соопшти портпаролот на некогаш светски познатата пејачка.
Архангел го објави новиот сингл „Дни оловни“
Повеќе од две децении по нивниот последен студиски албум, македонскиот рок состав Архангел официјално се враќа со нова музика.


