Како што пренесуваат многубројни француски извори, Олимпик Марсеј го контактирал шпанскиот тренер Чаби Алонсо кој од неодамна нема ангажман откако си замина од Реал Мадрид, но Шпанецот ја одбил понудата. Претходно Чаби Алонсо беше поврзуван со Тотенхем, откако Томас Франк доби отказ на менаџерската позиција на клубот, но Алонсо одбил да се пресели и во Лондон.

Спортските медиуми пишуваат дека Алонсо го чека расплетот на ситуацијата со Арне Слот во Ливерпул, од кого доби повик уште кога Јирген Клоп  го напушти „Енфилд“.

Алонсо направи историски резултати со Баер Леверкузен со кој ја освои двојната круна и стигна до финалето на Лига Европа, но потоа не се прослави на клупата на Реал Мадрид.

Слични новости

Џа Морант најверојатно ќе биде трејдуван во Мајами

Мајами Хит кој беше еден од најсериозните тимови за ангажирање на јанис Адетокумбо од Милвоки, се откажа од трката за грчкиот крилен центар и се насочи кон тоа да го доведе спектакуларниот плејмејкер на Мемфис Гризлис Џа Морант.