Како што пренесуваат многубројни француски извори, Олимпик Марсеј го контактирал шпанскиот тренер Чаби Алонсо кој од неодамна нема ангажман откако си замина од Реал Мадрид, но Шпанецот ја одбил понудата. Претходно Чаби Алонсо беше поврзуван со Тотенхем, откако Томас Франк доби отказ на менаџерската позиција на клубот, но Алонсо одбил да се пресели и во Лондон.
Спортските медиуми пишуваат дека Алонсо го чека расплетот на ситуацијата со Арне Слот во Ливерпул, од кого доби повик уште кога Јирген Клоп го напушти „Енфилд“.
Алонсо направи историски резултати со Баер Леверкузен со кој ја освои двојната круна и стигна до финалето на Лига Европа, но потоа не се прослави на клупата на Реал Мадрид.
Слични новости
Тотенхем бара вина за лошата сезона во судењето
Според извори на Би Би Си Спорт, клубот посебно се фокусирал на недоследните одлуки што доведоа да се признаат или поништат голови по контакти во шеснаесетникот. Тотенхем смета дека е оштетен во повеќе наврати во текот на сезоната.
Киксот на Ливерпул против Вулвс може да го чини учество во Лигата на шампионите
Вулвси го дадоа победоносниот гол во четвртата минута од судиското надополнување, што е дури осми гол што го прима ЛИверпул во судиското надоместување на времето.
Оклахома и Лејкерс очекувано ги победија Сакраменто и Далас
По серијата порази Лејкерси утринава ја забележија и втората победа во низа врз ослабениот тим на Сакраменто со 124:108. Лука Дончиќ забележа 28 коша и 9 асистенции, а ветеранот Леброн Џејмс даде 24 коша за Лејкерс.


