Советот на Централната банка на Црна Гора денеска го одзеде одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ ДОО Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за оваа дејност.
Одлуката следува по сеопфатна процена на регулаторните барања, вклучително и соодветноста на сопственикот со квалификувано учество и условите за стабилно, сигурно и законито работење.
Од Централната банка нагласуваат дека „Алта пеј груп“ не е банка и не прима депозити од граѓани и компании. Според регулаторот, одлуката не ја загрозува финансиската стабилност, ниту редовното функционирање на платниот систем.
Граѓаните и фирмите можат непречено да ги користат платежните услуги на банките и другите овластени даватели во Црна Гора, уверуваат од институцијата.
Слични новости
ЕУ разгледува оданочување на екстрапрофитите поради скокот на цените на гасот и нафтата
Министрите за финансии на ЕУ ја разгледуваат можноста за воведување данок на екстрапрофит на енергетските компании во целата ЕУ поради скокот на цените на гасот и нафтата.
Пад на цената на енергентите : Нафтата Брент падна на 103 долари за барел, гасот 77 евра за мегават-час
Цените на енергентите на европските и светските берзи денеска забележаа пад и цената на сировата нафта Брент падна на околу 103 долари за барел, додека европскиот природен гас падна на 77 евра за мегават-час.
ФЕД ги зголеми каматите, најавува нови поскапувања на парите
Одлуката е донесена поради високата инфлација, која според централната банка сè уште е над посакуваното ниво и не се намалува со доволно брзо темпо.Новите проекции покажуваат дека мнозинството членови на ФЕД очекуваат уште едно зголемување на каматите до крајот на годинава.


