Советот на Централната банка на Црна Гора денеска го одзеде одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ ДОО Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за оваа дејност.

Одлуката следува по сеопфатна процена на регулаторните барања, вклучително и соодветноста на сопственикот со квалификувано учество и условите за стабилно, сигурно и законито работење.

Од Централната банка нагласуваат дека „Алта пеј груп“ не е банка и не прима депозити од граѓани и компании. Според регулаторот, одлуката не ја загрозува финансиската стабилност, ниту редовното функционирање на платниот систем.

Граѓаните и фирмите можат непречено да ги користат платежните услуги на банките и другите овластени даватели во Црна Гора, уверуваат од институцијата.

 

Слични новости

Пекинг ги откри деталите на договорот за трговско примирје со Вашингтон

Пекинг ги откри деталите на договорот за трговско примирје со Вашингтон

Во рамките на новиот трговски совет, Кина и САД ќе разгледуваат заемно намалување на царините на стоки во вредност од 30 милиони долари.
Кога станува збор за вештачката интелигенција, ќе биде воспоставен канал за комуникации во случај на инциденти, а разговорите ќе бидат продолжени на крајот на ноември.

ОЕЦД очекува глобален економски раст од 2,9 насто во 2026 и благо забрзување на 3 насто во 2027

ОЕЦД очекува глобален економски раст од 2,9 насто во 2026 и благо забрзување на 3 насто во 2027

Светската економија би требало да порасне за 2.9 насто во 2026 година, а потоа да забрза на три насто следната гоdина и покрај последиците од конфликтот на Блискиот исток, повисоките цени на енергентите и зголемената неизвесност во трговската политика.