Советот на Централната банка на Црна Гора денеска го одзеде одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ ДОО Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за оваа дејност.
Одлуката следува по сеопфатна процена на регулаторните барања, вклучително и соодветноста на сопственикот со квалификувано учество и условите за стабилно, сигурно и законито работење.
Од Централната банка нагласуваат дека „Алта пеј груп“ не е банка и не прима депозити од граѓани и компании. Според регулаторот, одлуката не ја загрозува финансиската стабилност, ниту редовното функционирање на платниот систем.
Граѓаните и фирмите можат непречено да ги користат платежните услуги на банките и другите овластени даватели во Црна Гора, уверуваат од институцијата.
Слични новости
Европа со нови проекции за работениот век-во Данска ќе се работи до 74 години
Организацијата за економска соработка и развој проценува дека границата за пензионирање дополнително ќе расте со зголемувањето на очекуваниот животен век, додека голем број земји веќе спроведуваат постепено покачување на прагот.
Американскиот пазар на трудот и инфлацијата во Европа во фокусот на инвеститорите оваа недела
Инвеститорите оваа недела ќе следат низа важни економски показатели во САД, Европа и Азија, а главниот фокус ќе биде на податоците за американскиот пазар на трудот и инфлацијата во Европа.
Цената на нафтата Брент надмина 107 долари за барел, откако Трамп го одби предлогот на Иран
Трамп ја одби понудата на Техеран за окончување на војната и повторно отварање на Ормутскиот теснец и им порача на сојузниците да очекуваат продолжување на американските удари врз Иран по изборите за Конгресот во ноември, објави „Волстрит џурнал“.


