Советот на Централната банка на Црна Гора денеска го одзеде одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ ДОО Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за оваа дејност.

Одлуката следува по сеопфатна процена на регулаторните барања, вклучително и соодветноста на сопственикот со квалификувано учество и условите за стабилно, сигурно и законито работење.

Од Централната банка нагласуваат дека „Алта пеј груп“ не е банка и не прима депозити од граѓани и компании. Според регулаторот, одлуката не ја загрозува финансиската стабилност, ниту редовното функционирање на платниот систем.

Граѓаните и фирмите можат непречено да ги користат платежните услуги на банките и другите овластени даватели во Црна Гора, уверуваат од институцијата.

 

Слични новости

Американските акции во пад поради растот на приносот на американската обврзница

Американските акции во пад поради растот на приносот на американската обврзница

Индексот „Дау Џоунс“ загуби 142 поени, односно 0,3 насто, додека технолошката берза на акции „Насдак“ остана речиси непроменета, пренесе Си-Ен-Би-Си. Најголема загуба има финансискиот индекс кој загуби 0,5 насто.

Европските берзански индекси во пораст по падот на цената на нафтата

Европските берзански индекси во пораст по падот на цената на нафтата

Европските берзански индекси денеска главно се во пораст по падот на цената на нафтата Брент на 95 долари за барел, поради сигналите дека извозот на нафта од Блискиот исток се опоравува побрзо од тоа што се очекуваше.