Советот на Централната банка на Црна Гора денеска го одзеде одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ ДОО Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за оваа дејност.

Одлуката следува по сеопфатна процена на регулаторните барања, вклучително и соодветноста на сопственикот со квалификувано учество и условите за стабилно, сигурно и законито работење.

Од Централната банка нагласуваат дека „Алта пеј груп“ не е банка и не прима депозити од граѓани и компании. Според регулаторот, одлуката не ја загрозува финансиската стабилност, ниту редовното функционирање на платниот систем.

Граѓаните и фирмите можат непречено да ги користат платежните услуги на банките и другите овластени даватели во Црна Гора, уверуваат од институцијата.

 

Слични новости

ММФ со благо зголемување на прогнозата за раст – влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот ќе се шири како „бавно цунами“

ММФ со благо зголемување на прогнозата за раст – влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот ќе се шири како „бавно цунами“

ММФ сега очекува цените на нафтата во текот на годинава да се зголемат за речиси 41 отсто, на просечно 96 долари за барел, што би ја зголемило глобалната инфлација на 4,7 отсто во 2026 година, од 4,1 отсто минатата година.