Црвена звезда синоќа во Белград на домашен терен загуби со 2:0 од израелски Хапоел и беше елиминирана од квалификациите за Лигата на шампионите. Головите за Хапоел ги постигнаа Златановиќ во 61-та минута и Ист во 79-тата.

Претходно, тренерот на Црвена Звезда Дејан Станковиќ доби црвен картон во 58-та минута од мечот, по жестоки протести кај судијата поради недосуден пенал за Звезда во 56-тата минута.

Српските медиуми пишуваат дека Црвена Звезда и не заслужи да се пласира во понатамошната фаза од Лигата на шампионите, бидејќи во двата натпревари против Хапоел не постигна ниту еден гол, и ги загуби двата со 1:0 и 2:0.

Веќе е извесно дека тренерот Дејан Станковиќ ќе поднесе оставка по неуспехот против Хапоел.

 

Слични новости

Хари Кејн прогласен за најдобар фудбалер во Германија за 2025 година

Хари Кејн прогласен за најдобар фудбалер во Германија за 2025 година

Центарфорот на Барен Минхен Хари Кејн е прогласен за најдобар играч на Бундеслигата. Англичанецот ја доби наградата што ја доделува магазинот „Кикер“ врз основа на гласањето на Здружението на германски спортски новинари.