Одборот на директори на Центарот за сценски уметности „Џон Ф. Кенеди“ гласаше за преименување на центарот во Центар Трамп-Кенеди, објави Белата куќа, како што објави BBC во четвртокот.
Портпаролката Каролајн Ливит објави на социјалните мрежи дека одлуката на одборот била едногласна благодарение на „неверојатната работа на претседателот Трамп во текот на изминатата година за спасување на зградата“.
Ливит, исто така, му оддаде почит на претседателот Џон Ф. Кенеди. „Ова ќе биде навистина одличен тим уште долго во иднината! Зградата несомнено ќе достигне нови нивоа на успех и раскош“, додаде таа.
Потегот би можел да биде многу контроверзен, особено во Вашингтон каде што центарот е култна знаменитост откако е изграден и именуван по Кенеди, пишува BBC.
Кратко по преземањето на функцијата, Доналд Трамп ги отпушти сите членови на одборот на директори на центарот и ги замени со свои сојузници, кои потоа гласаа Трамп да биде претседател на одборот, се додава во прилогот на британската информативна мрежа.
Претседателот обезбеди околу 257 милиони долари од конгресните средства за финансирање на големи реновирања на центарот и други трошоци.
Идејата за национален центар за сценски уметности првпат е спомената во 1950-те. Кога Кенеди, 35-от претседател на САД, беше убиен во 1963 година, центарот беше именуван во негова чест.
Слични новости
Ќе се снима филм за Ози Озборн, името на актерот што ќе го игра славниот рокер се чува во тајност
Семејството Озборн, предводено од Џек Озборн и неговата сестра Еми конечно го одбра глумецот што ќе го игра легендарниот рокер и фронтмен на „Блек Сабат“ во биографски филм за Озборн на кој долго се работи.
Џенифер Лоренс вели дека ја загубила улогата во „Било еднаш во Холивуд“ затоа што не била доволно убава
Актерката Џенифер Лоренс соопшти дека не ја добила улогата на Шерон Тејт во филмот на Квентин Тарантиво „Било еднаш во Холивуд“ затоа што продуцентите на филмските студија не ја сметале за доволно убава.
„Металика“ блиску до договор за серија концерти во Сфера во Лас Вегас
Членовите на метал бендот „Металика“ се блиску до договор за серија на концерти во футуристичката арена Сфера во лас Вегас во 2027, пренесе весникот „Сан“.


