Цените на храната паднаа и во ноември, трет месец по ред, со значително намалување на цената на млекото и млечните производи и растителните масла, објави во петокот агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – FAО.
Индексот на цените на основните прехранбени производи на FAО во просек изнесуваше 125,1 поени во ноември и беше за 1,2 отсто понизок отколку во октомври, според ревидираните податоци. Во октомври, цените паднаа за 1,6 отсто на месечна основа, според новите податоци на FАО.
Индексот за ноември покажува дека цените на основните прехранбени производи се за 2,1 отсто пониски од минатата година.
Цената на шеќерот падна најсилно во ноември, за 5,9 отсто во споредба со октомври, со очекувања за обилна понуда и силни трендови на производство во Бразил, Индија и Тајланд.
Цените на млекото и млечните производи паднаа за 3,1 отсто, со значително намалување на цената на путерот и полномасното млеко во прав, во услови на поголемо производство на млеко и изобилство на понуда во главните производствени региони.
Растителните масла, исто така, поевтинија за 2,6 отсто, со значително пониски цени на сончогледовото масло поради подобрената понуда од регионот на Црното Море. Цените на палминото масло, исто така, се намалија поради добрата жетва во Малезија.
Намалени биле и цените на месото, и тоа за 0,8 отсто, што ги одразува пониските цени на живинското месо поради изобилството на понудата и зголемената глобална конкуренција. Цените на свинското месо, исто така паднаа, првенствено поради изобилството на понудата и слабата побарувачка во Европската унија и кинеските тарифи што го блокираа набавката.
Цените на житарките се зголемија за 1,3 отсто во споредба со октомври, при што цените на пченицата скокнаа за 2,5 отсто поради стравувањата дека непријателствата во регионот на Црното Море би можеле да го нарушат снабдувањето и да ги намалат засадените површини во Русија.
Во посебен извештај за понудата и побарувачката на светските пазари на житни култури, FAO пресмета дека светското производство првпат ќе надмине три милијарди тони оваа годинаи ќе достигне нов рекорд откако почна да објавува податоци, првенствено благодарение на очекуваната добра жетва, особено во Аргентина, но и во ЕУ и САД.
Потрошувачката на житни култури треба да се зголеми за 2,1 отсто во сезоната 2025/2026, на 2,93 милијарди тони, според новите пресметки на FAO. Залихите на крајот од сезоната во јули следната година треба да бидат за 6,5 отсто повисоки отколку на почетокот, достигнувајќи нов рекорд од 925,5 милиони тони.
Трговијата со житни култури треба да се опорави во 2025/2026 година, по „потисната“ минатата сезона, и да се зголеми за 3,3 проценти на 500,6 милиони тони, според пресметките на FAO.
Слични новости
Стармер: Американските закани со царини се целосно погрешни
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека САД направиле грешка што се закануваат со нови царини врз европските земји поради нивното противење на намерата на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го анектираат Гренланд
По најавата на Трамп за царини за осум европски држави, ЕУ го замрзнува договорот за царини со САД
ЕПП е за трговски договор меѓу ЕУ и САД, но со оглед на заканите на Доналд Трамп во врска со Гренланд, одобрувањето не е можно во оваа фаза“,
Азербејџан почна да им испорачува природен гас на Германија и Австрија
Азербејџанската државна енергетска компанија СОКАР почна да им испорачува природен гас на Германија и на Австрија, пренесе Ројтерс.


