Цените на сировата нафта пораснаа поради дополнителните тензии на Блискиот исток кои ги зголемија страхувањата од дополнителни пореметувања во снабдувањето со енергентите.

Цената на нафтата Брент на берзите се движи на ниво од околу 92 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТО се продава за 86 долари по барел.

Дополнителна загриженост предизвика информацијата дека три супертанкери во врска со Кина се вратиле назад за време на пловидбата низ Ормутскиот теснец, а еден брод бил погоден со проектил во близина на теснецот.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека засега не се водат преговори за окончување на конфликтот.

Слични новости

Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина

Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно