Европските индекси денеска се во благ плус, а цената на нафтата Брент порасна на повеќе од 91 долар, додека пазарите ги очекуваат податоците за инфлацијата во САД.
Според податоците од берзата цената на сировата нафта ВТИ порасна за 0,21 насто на 88,3 долари за барел, а цената на нафтата Брент за 0,32 насто на 91,7 долари за барел.
Германскиот ДАКС порасна за 0,15 насто, францускиот ЦАЦ за 0,43, а британскиот ФТСЕ порасна за 0,14 насто.
Слични новости
Србија ги намали акцизите на горивата за 20 проценти
Владата на Србија донесе одлука за привремено намалување на акцизите за гориво поради зголемување на цената на нафтата на светските пазари.
Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина
Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно
Цената на нафтата продолжува нагло да расте
Фјучерсите на референтната нафта „Брент“ поскапеа за 3,14 насто на 90,87 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво од 11-ти јуни. Американската сирова нафта ВТИ поскапе за 2,85 насто на 84,84 долари за барел.


