Фјучерсите на сирова нафта на почетокот на викендот порасна за повече од еден долар за барел по вестите за напади врз танкери и изостанок на напредок во постигнувањето мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран.

Фјучерсите на нафтата Брент порасна за 1,45 долари за барел и достигнаа цена од 88,52 долари за барел, додека цената на американската лесна нафта ВТИ порасна за 1,14 долари за барел и се продава за 82,40 долари за барел.

Американскиот претседател Доналд Трамп за време на настан во Њујорк рече дека е свесен оти Американците плаќаат поскапо за бензинот, но дека тоа се случува затоа што САД сакаат „една „лоша земја која е најголем државен спонзор на тероризмот во светот да нема нуклеарно оружје“. „Никогаш нема да се извинам за ова, ја направив вистинската работа“, порача Трамп.

Слични новости

Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина

Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно