Цените на нафтата денеска паднаа, затоа што се очекува обновување на извозот на нафтата од Венецуела. Тоа ја надмина загриженоста од пореметување на снабдувањето поради екслацијата на протестите во Иран.
Цената на нафтата Брент се движи околу 63 долари по барел, додека цената на американската сирова нафта се движи околу 59 долари, пренесе Трејдинг економикс.
Американските нафтени компании веќе ја организираат испораката на нафтата од Венецуела со танкери, а првиот брод би можел да исплови веќе следната недела.
Трамп во минатата недела најави дека Венецуела ќе испорача до 50 милиони барели нафта на САД.
Слични новости
Бројката на новоотворени работни места во САД во декември падна за 386.000
Бројката на новотоворени работни места во САД во декември падна за 386.000 на 6,5 милиони, објави денеска Американското биро за статистика на трудот. Тоа е најголем пад од септември 2020 и е значајно под пазарните очекувања
Европските берзански индекси во пад
Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, додека берзите ги анализираат извештаите за добивките на големите компании и банките на крајот од неделата.
Крах на криптовалутите на берзите
Во четвртокот биткоинот падна за повеќе од 12% на под 64.000 долари ниво кое не е видено од октомври 2024 година. Други популарни криптовалути како Етер и Солана исто така се во пад. Солана, во моментов достигна најниска вредност за последните две години.


