Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари во средата над нивото од 62 долари во очекување на податоци што треба да им помогнат на инвеститорите да „почувствуваат каква било“ побарувачка во САД во услови на обновени тензии во трговските односи со Кина.
На лондонскиот пазар со барелот попладнето се тргуваше по речиси иста цена како и на вчерашното затворање на тргувањето, од 62,49 долари. На американскиот пазар, пак, цената на барелот беше повисока за 18 центи и изнесуваше 58,88 долари.
Засебно Организацијата на земјите извознички на нафта (ОРЕС) денеска објави дека во вторникот барелот од редерентната кошничка нафта на нејзините членки поевтинил за 1,17 долари на 63,05 долари. Ова би значело дека нејзината цена е најниска од есента 2020 година, според податоците на организацијата.
Кон крајот на минатата седмица пазарите беа потресени од знаци на разгорување на трговските тензии меѓу САД и Кина. Пред околу една седмица, Кина воведе контрола на извозот на технологијата за преработка на ретки земни минерали, а американскиот претседател Доналд Трамп рече дека можеби ќе одговори со 100 отсто царини за кинескиот увоз и ограничувања за извоз на клучен софтвер.
Помирувачката објава на Трамп на социјалната мрежа Truth Social во неделата ги стивна тензиите, при што министерот за трговија забележа дека американскиот претседател сепак ќе се сретне со својот кинески колега Кси Џинпинг во Јужна Кореја.
Во вторник, трговците повторно беа вознемирени од кинеските санкции врз групата американски подружници на јужнокорејската бродоградителска компанија „Hahwha Ocean“. Оттогаш Вашингтон воведе пристанишни такси за бродовите произведени во Кина, а Пекинг возврати со иста мера.
Даноците ќе ги зголемат трговските трошоци и ќе ги нарушат испораките, што веројатно ќе ја намали економската активност и побарувачката на енергенс. Цените на превозот со супертанкери веќе остро се зголемија од почетокот на седмицата, покажаа податоците на LSEG.
Снабдувањето со нафта расте, додека побарувачката е пригушена, предупреди Меѓународната агенција за енергија (IEA) во својот последен месечен извештај, при што глобалните залихи достигнаа четиригодишен максимум од 7,9 милиони барели во август.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОPEC) одговори преку генералниот секретар Хајтам ал-Гаис дека на светот ќе му треба многу повеќе енергија во иднина отколку што троши денес, поради растот на економската активност, населението и урбанизацијата.
Трговците сега чекаат податоци за залихите во САД за да ја проценат побарувачката во најголемата економија во светот. Здружението на производители на API ќе ги објави податоците дури денес, со еден ден задоцнување поради празник на почетокот на неделата, а Министерството за енергетика утре.
Слични новости
Секоја четврта продавница не издава фискални сметки
До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година
Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред
На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица
Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица


