На берзите за енергенти завладеа страв дека војната на Блискиот исток ќе трае подолго од очекуваното, што придонесе за нов скок на цените на нафтата и гасот на светските берзи.
Цената на нафтата Брент денеска се покачи за 4,79 насто на 96,3 долаи по барел, а сировата нафта скокна за 4,29 насто на 91 долар за барел. Експертите сметаат дека цените на енергентите на берзите и натаму се во режим на паника. Тие тврдат дека во актуелните цени на нафтата и гасот се вклучени многу емоции, страв и неизвесност.
Најавата за ослободување на резервите на нафта за итни случаи, краткорочно помогна во стабилизрање на цените, бидејќи е нејасно колку бргу одделни земји ќе ги ослободуваат своите резерви и како ќе се дистрибуира нафтата.
Клучното прашање, според експертите е колку време ќе треба за на пазарот да се испорачаат 400 милиони барели нафта.
Слични новости
Цената на нафтата повторно расте
Суровата нафта Брент порасна за 3,5 проценти на 93,51 долари за барел поради загриженоста дека Иран би можел да ја задржи нафтата во Персискиот Залив ако продолжи да ги блокира танкерите
Царините на САД паднаа на суд, Америка враќа 166 милијарди долари
Администрацијата на Доналд Трамп почна да прима барања од компании за враќање на повеќе од 166 милијарди долари наплатени царини, откако Врховниот суд на САД пресуди дека претседателот немал законско овластување да ги воведе преку вонредните економски овластувања.
Откажување на летови поради кризата со керозин
Поради растот на цените на авиогоривото, повеќе авиокомпании веќе кратат линии, а се зголемува и ризикот од поскапување на билетите.


