На берзите за енергенти завладеа страв дека војната на Блискиот исток ќе трае подолго од очекуваното, што придонесе за нов скок на цените на нафтата и гасот на светските берзи.

Цената на нафтата Брент денеска се покачи за 4,79 насто на 96,3 долаи по барел, а сировата нафта скокна за 4,29 насто на 91 долар за барел. Експертите сметаат дека цените на енергентите на берзите и натаму се во режим на паника. Тие тврдат дека во актуелните цени на нафтата и гасот се вклучени многу емоции, страв и неизвесност.

Најавата за ослободување на резервите на нафта за итни случаи, краткорочно помогна во стабилизрање на цените, бидејќи е нејасно колку бргу одделни земји ќе ги ослободуваат своите резерви и како ќе се дистрибуира нафтата.

Клучното прашање, според експертите е колку време ќе треба за на пазарот да се испорачаат 400 милиони барели нафта.

Слични новости

Британски Шел ја забележа најслабата квартална добивка во изминатите пет години поради ниските цени на нафтата

Вкупната заработувачка на Шел во 2025 изнесува 18,5 милијарди долари, што е значаен пад во однос на минатата година кога беше остварен профит од 23,7 милијарди долари.