На берзите за енергенти завладеа страв дека војната на Блискиот исток ќе трае подолго од очекуваното, што придонесе за нов скок на цените на нафтата и гасот на светските берзи.

Цената на нафтата Брент денеска се покачи за 4,79 насто на 96,3 долаи по барел, а сировата нафта скокна за 4,29 насто на 91 долар за барел. Експертите сметаат дека цените на енергентите на берзите и натаму се во режим на паника. Тие тврдат дека во актуелните цени на нафтата и гасот се вклучени многу емоции, страв и неизвесност.

Најавата за ослободување на резервите на нафта за итни случаи, краткорочно помогна во стабилизрање на цените, бидејќи е нејасно колку бргу одделни земји ќе ги ослободуваат своите резерви и како ќе се дистрибуира нафтата.

Клучното прашање, според експертите е колку време ќе треба за на пазарот да се испорачаат 400 милиони барели нафта.

Слични новости

Иран го прифати двонеделното примирје и го отвара Ормутскиот теснец

Иран го прифати двонеделното примирје и го отвара Ормутскиот теснец

„Њујорк тајмс“ пишува дека клучна улога во посредувањето имала Кина во последен момент. Министерот за надворешни работи на Иран Абас Аракчи појасни дека во рок од две недели ќе биде осигуран безбеден проток низ Ормутскиот теснец.