Цените на сировата нафта паднаа поради намалениот ризик од пореметување со снабдувањето, додека трговците ја следат ситуацијата на Блискиот исток и настојувањата за повторно отварање на Ормутскиот теснец, пренесе Трејдинг економикс.
Американската лесна нафта ВТИ се движи по цена од околу 83 долари за барел, додека Северноморската нафта Брент е на ниво од околу 88 долари за барел.
На намалувањето на ризиците влијаеа предложениот коридор меѓу Иран и Оман, како и подобрените токови низ Ормутскиот теснец.
Слични новости
Кина отвара пазари на капитал вредни 28 билиони долари во траката за вештачката интелигенција со САД
Пекинг сака приватниот капитал и берзата да го финансираат развојот на стратегиските технологии, наместо да се потпира врз државните субвенции и државни вложувања како што беше досега, наведува Блумберг во најновата анализа.
Цената на нафтата повторно расте
Цената на нафтата Брент денеска повторно порасна на светските берзи, откако Иран ги отфрли тврдењата на официјален Вашингтон дека се наближува договор за окончување на војната на Блискиот исток и повторно отварање на Ормутскиот теснец.
Горештините и сушата го бришат очекуваниот економски раст на Европската унија
Екстремните топлотни бранови и сушата кои ова лето погаѓаат големи делови од европскиот континент би можеле целосно да го уништат очекуваниот економски раст на Европската унија.


