Во период кога цените на горивата повторно бележат раст во речиси сите земји во регионот, Македонија се издвојува како една од државите со најниски цени на нафтените деривати на Балканот, но и пошироко.

Според последните споредбени податоци, просечната цена на горивата во Македонија се движи околу 1,35 долари за литар, што е пониско во однос на повеќето соседни земји како Грција, Бугарија, Косово и Србија.

Во споредба со Македонија, цената на горивата во Грција е значително повисока и се движи околу 1,9 евра за литар, што ја прави една од поскапите земји во регионот кога станува збор за бензинот и дизелот.

Во Србија, бензинот достигнува околу 176 динари за литар, што е значително повисока цена во однос на македонската.

 

Слични новости

Македонија на зимските олимписки игри со четворица претставници

Вечерва во Италија официјално ќе бидат отворени 25. Зимски олимписки игри (ЗОИ) Милано – Кортина 2026. Главната церемонија на свеченото отворање ќе почне вечерва во 20 часот на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.