Цените на горивата во Европската унија во јули се повисоки за 16,9 насто во однос на јули минатата година, покажуваат податоците на Евростат.

Станува збор за успорување на годишниот раст во однос на мај, кога цените беа повисоки за 20,7 насто, но забрзување во однос на јунските 13,7 насто.

Горивото во јули било поскапо во однос на лани во 25 од 27 земји членки на Европската унија, се прецизира во извештајот на Евростат.

Слични новости