Цените на нафтата и денеска паѓаат, а цената на сировата нафта после долго време падна под 70 долари за барел. Денеска на берзите сировата нафта се продаваше за 69,4 долари за барел, а нафтата „Брент“ се продаваше за 72,6 долари за барел.
Цените се приближуваат кон вредностите пред почетокот на конфликтот на Блискиот исток, затоа што се поголем број на танкери ја продолжи пловидбата низ Ормутскиот теснец по напредокот во преговорите меѓу САД и Иран, пренесува Трејдинг економикс.
Состојбата на европските берзи и натаму е стабилна, јавуваат агенциите, со благ пораст на француската и англиската берза, а благ пад на германската берза.
Слични новости
Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици ризици во снабдувањето
Кризната состојба на пазарот со нафта и нафтени деривати продолжена за уште три месеци, поради скокот на цената на нафтата на светските берзи
Цените на нафтата пораснаа поради ескалацијата на судирот меѓу САД и Иран
Фјучерсите за нафтата Брент денеска пораснаа за 70 центи на 84,93 долари по барел, а американската сирова нафта ВТИ поскапе за 81 цент на 79,76 долари по барел, јавува Ројтерс.
Америка ги гаѓаше мостовите и ја урна кулата од која Иран го контролираше поморскиот сообраќај
Американските оружени сили денеска ги проширија воздушните удари врз Иран при што погодија повеќе мостови, а ја урнаа и кулата за надзор на поморскиот сообраќај во пристаништето Чабахар.


