Цената на сировата нафта Брент благо падна под влијание на тензиите меѓу Иран и САД на околу 95 долари за барел, но на неделно ниво порасна за околу 8 насто, што е највисоко поскапување од средината на јули.

Американската сирова нафта ВТИ се тргува за околу 90 долари за барел, со неделен раст од околу 9 насто, исто така најизразен од средината на јули, пренесува Трејдинг економикс.

Взаемните напади на САД и Иран се обновени оваа недела за прв пат по еден месец, што повторно ги поттикна страхувањата од пореметувања во снабдувањето со нафта.

Слични новости

Американските акции паднаа откако ФЕД изрази загриженост поради движењата на инфлацијата

Претседателот на ФЕД изјави дека најновите податоци за индексот на цените на личната потрошувачка и на цените на потрошувачката се нешто подобри од очекувањата, но дека не укажуваат на значително подобрување на инфлаторните трендови.