Цените на нафтата пораснаа за повеќе од три насто откако американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс предупреди дека Иран не ги исполни клучните американски барања во преговорите за нуклеарното вооружување, додека претседателот Трамп би можел да нареди воена акција против Иран уште во текот на викендов.
Пазарите и берзите реагираа со нагло покачување на цените на нафтата поради страв од ескалација на судир во регионот кој е стратегиски важен за глобалното снабдување со нафта, пренесува ЦНБЦ.
Цената на американската сирова нафта порасна за 3,19 насто на 64,32 долари по барел, а нафтата Брент поскапе за 3,03 насто на 69,49 долари по барел.
Слични новости
Германскиот регулатор ги повика компаниите што поскоро да ги намалат цените на бензинот и дизелот
Германскиот регулатор за заштита на конкуренцијата денеска ги повика компаниите што поскоро да ги намалат цените на бензинот и дизелот, откако падна цената на сировата нафта, по примирјето на Блискиот исток.
Голдман сакс ја намали проценката за цената на нафтата за вториот квартал
Новата проценка изнесува околу 90 долари за барел од референтната нафта Брент, што е драстично намалување во однос на претходната прогноза дека барел Брент ќе чини 99 долари.
Нафтата повторно скокна по тензиите на Блискиот исток
Европските индекси денес се претежно во црвено, а цената на нафтата повторно се искачи на повеќе од 97 долари за барел по новите тензии на Блискиот Исток.


