Цените на нафтата утрово стагнираат по големите флуктуации на почетокот на неделата иако Иран сè уште не дозволува танкери да минуваат низ Ормутскиот теснец, што не го спречува извозот на нафта од Блискиот Исток.
Цената на барел на лондонскиот пазар утрово падна за 0,4% на 87,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барел се зголеми за 0,3% на 83,75 долари.
Меѓународната агенција за енергија предложи досега најголем пласман на нафта од резервите со цел да се намалат цените.
Доколку предлоготот биде усвоен, тоа би ги надминало 182-та милиони барели што земјите членки ги пуштија на пазарот во две транши во 2022 година, по руската инвазија врз Украина, што би било најголемо поединечно ослободување резерви досега.
Слични новости
Златото собори нов рекорд
Инвеститорите ги следат геополитичките напнатости околу Грендланд и Иран, што придонесе инвеститорите да се свртат кон сигурни утошишта како што е златото што резултира со постојано кревање на цената на златото.
ММФ : Цените на нафтата ќе останат ниски и оваа година
Просечната цена на нафтата по барел во 2026 ќе биде околу 62 длари по барел, а слична цена се проектира и за 2027, се наведува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд.

