Цената на сировата нафта и вчера порасна на берзите и се наоѓа пред втор последователен неделн пораст од 6 насто. Американската сирова нафта ВТИ се движеше околу 87 долари за барел, а сверноморската нафта Брент беше на нивото од околу 94 долари за барел, пренесува Трејдинг економикс.

Цените на нафтата останаа под влијание на очекувањата дека САД дополнително ќе го зголемат притисокот врз Иран, додека нема јасни сигнали за окончување на конфликтот кој го поремети текот на енергентите од Блискиот исток.

Дополнителна загриженост на пазарите предизвикуваат и украинските напади врз руските рафинерии и пристаништа, кои придонесоа за недостиг на нафта во некои региони.

Слични новости

Дизелот во Франција никогаш поскап, литарот достигна до 2,7 евра за литар

Дизелот во Франција никогаш поскап, литарот достигна до 2,7 евра за литар

Просечната цена на дизелот во Франција денеска достигна рекордни 2,4 евра за литар, надминувајќи го претходниот рекорд од 2,38 ерва за литар забележан во април годинава, покажуваат податоците на француската влада.