Цените на нафтата пораснаа за речиси 3 насто, што е најголем пораст на цената на нафтата од октомври, затоа што геополитичките тензии ги наведоа берзанските брокери да ги пресметаат можните пореметувања во снабдувањето.

Така цената на нафтата Брент се качи на 63,4 долари по барел, а американската сирова нафта на 59,4 долари по барел, пренесе Трејдинг економикс.

Интензивирањето на граѓанските немири во Иран создава претпоставка дека земјата би можела да го ограничи извозот, а ескалацијата ја нагласи неизвесноста околу снабдувањето на Блискиот исток, што брзо може да ја покачи цената на нафтата.

Слични новости

Криза за гориво на европските аеродроми

Криза за гориво на европските аеродроми

На европските аеродроми им се заканува системски недостиг од авионско гориво доколку Ормускиот теснец во наредните три недели целосно не се отвори за сообраќај, предупреди авио-индустријата.