Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.
Според податоците од отварањето на берзите, цената на нафтата Брент порасна за речиси два насто и изнесува 99 долари за барел, а цената на сировата американска нафта ВТИ порасна за 1,52 насто на 92,5 долари за барел.
Како последица на новите американски напади, денеска европските берзи се главно во пад.
Американската војска соопшти дека изврши напади на југот од Иран чии цели беа бродови кои се обидувале да постават мини во Ормутскиот теснец, како и локации за лансирање ракети, објави американската телевизија ЦНБЦ.
Слични новости
Самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват
Според најавите Германскиот канцелар Фридрих Мерц и Францускиот претседател Емануел Макрон планираат на Самитот ЕУ – Западен Балкан и Молдавија да презентираат нова иницијатива со која ќе се забрза интеграцијата на земјите кандидатки од Западен Балкан во ЕУ.
Европските берзи под притисок по распродажбата на технолошките акции
Европските берзи се под притисок по распродажбата на акциите на технолошките компании поврзани со вештачката интелигенција која ги зафати берзите во Азија и САД. Ова ги поттикна инвеститорите капиталот да го пренасочат кон други сектори.
Инфлацијата во Турција во мај порасна за 32,6 насто
Најголем раст на цените е забележан во образованието, дури 50 насто, објави Хуриет. Растот на цените е забрзан и кај храната и безалкохолните пијалоци, каде што инфлацијата достигна 34,9 насто.


