Цената на нафтата Брент денеска повторно порасна на светските берзи, откако Иран ги отфрли тврдењата на официјален Вашингтон дека се наближува договор за окончување на војната на Блискиот исток и повторно отварање на Ормутскиот теснец. Со оваа изјава Техеран ја зголеми неизвеноста на глобалните пазари на енергенти.

Цената на нафтата Брент денеска скокна на 83,606 долари за барел, додека американската сирова нафта се продаваше за иста цена од околу 78 долари за барел.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека Техеран не води директни преговори со Вашингтон за окончување на војната и повторно отварање на Ормутскиот теснец.

Според наводите на медиумите, Иран бара од САД и воени репарации како еден од усовите за повторно отварање на Ормутскиот теснец.

Лидерот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност Мохамед Багер порача дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен се додека Вашингтон не ги исполни сите услови на Иран.

 

 

Слични новости

Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти – повластената стапка од вечерва по полноќ до полноќ на 28 септември

Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти – повластената стапка од вечерва по полноќ до полноќ на 28 септември

Владата го намалува ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 отсто. Кај бензините, согласно пресметките, се очекува зголемување од околу 3,5 денари, што значи дека новата цена би изнесувала околу 100,5 денари за литар за Еуросупер БС-95, односно 102,5 денари за литар Еуросупер БС-98.