Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари за барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска би можела да ги заврши акциите во Иран во рок од две до три недели.
Според податоците од берзата цената на сировата нафта денеска падна за 4,23 насто на 97 долари за барел, а цената на нафтата Брент за 4,1 насто на 99,7 долари.
Индексот на Фрнакфуртската берза порасна за 3,02 насто, француската берза порасна за 2,32 насто, а лондоснкиот ФТСЕ за 1,76 проценти.
И американските берзи силно се покачија и тоа Дау Џоунс за 2,49, СП 500 за 2.91 и НАСДАК за дури 3,83 насто.
Слични новости
Продолжуваат да растат цените на гасот и нафтата како последица на војната на Блискиот исток
Фјучерсите на европските цени на гасот во еден момент денес скокнаа на 61 евро за мегават-час, што е највисока вредност во последните три години, а цените на нафтата од типот Брент надминаа 84 долари за барел.
Голем пад на азиските берзи поради војната на Блискиот Исток
Најголемите загуби беа забележани во Сеул, каде што тргувањето заврши со пад на пазарот од 12 проценти, најголем пад во историјата. За два дена, референтниот индекс на Јужна Кореја изгуби повеќе од 18 проценти од својата вредност, додека валутата падна на најниско ниво во последните 17 години.
Цените на гасот во Британија пораснаа за 93 насто
Големопродажната цена на гасот во Велика Британија порасна за 93 насто од почетокот на војната на Блискиот исток. Скај њуз пренесува дека само денеска цената на гасот порасна за 32 насто