Цените на нафтата паднаа како последица на напредокот во преговорите меѓу САД и Иран за трајно окончување на конфликтот во Персискиот залив. Цената на нафтата „брент“ денеска падна за 1,1 насто и сега „брент“ се продава по цена од 79,7 долари за барел, пренесе Асошиејтед прес.

Од почетокот на судирот меѓу САД и Иран нафтата „брент“ достигна историски максимум од 119,5 долари за барел во периодот меѓу март и мај, поради блокадата на Ормутскиот теснец.

Аналитичарите предвидуваат дека енерегетските текови во Ормутскиот теснец кој беше затворен повеќе од три месеци, постепено ќе се опоравуваат. Пред почетокот на војната меѓу САД и Иран цената на нафтата брент за барел беше околу 70 долари.

Слични новости

Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина

Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина

Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно

Цената на нафтата продолжува нагло да расте

Цената на нафтата продолжува нагло да расте

Фјучерсите на референтната нафта „Брент“ поскапеа за 3,14 насто на 90,87 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво од 11-ти јуни. Американската сирова нафта ВТИ поскапе за 2,85 насто на 84,84 долари за барел.