Цените на нафтата продолжија да паѓаат и денеска. Цената на сировата нафта денеска падна за 1,03 насто и се продава за 75,23 долари за барел. Цената на нафтата Брент падна за 0,66 насто и сега изнесува 78,4 долари за барел.
Европските индекси се во благ пад. Гермаснкиот ДАКС падна за 0,40 насто, британскиот ФТСЕ падна за 0,10 насто, а францускиот ЦАЦ ги задржа истите вредности како и вчера.
Благ пад има и цената на златото, кое падна за 0,13 насто и сега изнесува 4,350 долари за унца.
Слични новости
Србија ги намали акцизите на горивата за 20 проценти
Владата на Србија донесе одлука за привремено намалување на акцизите за гориво поради зголемување на цената на нафтата на светските пазари.
Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина
Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно
Цената на нафтата продолжува нагло да расте
Фјучерсите на референтната нафта „Брент“ поскапеа за 3,14 насто на 90,87 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво од 11-ти јуни. Американската сирова нафта ВТИ поскапе за 2,85 насто на 84,84 долари за барел.


