Цените на нафтата на светските берзи синожа завршија со пад од четири насто, со што ги достигнаа најниските вредности од крајот на февруари.
Меѓународно референтната нафта „Брент“ се продаваше за 73 долари за барел, а американската сирова нафта ВТИ се продаваше за околу 69 долари за барел, пренесе Трејдинг економикс.
На поевтинување на нафтата и другите енергенти влијаеше обновата на танкерскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец и зголемувањето на извозот на нафтата од Перискиот залив.
Слични новости
Цените на нафтата пораснаа поради ескалацијата на судирот меѓу САД и Иран
Фјучерсите за нафтата Брент денеска пораснаа за 70 центи на 84,93 долари по барел, а американската сирова нафта ВТИ поскапе за 81 цент на 79,76 долари по барел, јавува Ројтерс.
Економистите очекуваат дека Европската Централна Банка нема да ги зголеми каматите
Европската Централна Банка (ЕЦБ) идната недела најверојатно нема да ги смени каматните стапки, но нивно зголемување се очекува во септември, сметаат економистите.
Нафтата Брент поскапе на 79 долари, новите судири ги пореметија берзите
Европските индекси на берзите денеска се главно нестабилни, додека инвеститорите се подготвуваат за важна недела во која ќе бидат објавени...


