Цените на нафтата паднаа, а цената на референтната нафта Брент падна за 2,5 насто на под 91 долар за барел, што е нејзино најниско ниво од 31-ви август.

Американската сирова нафта ВТИ поевтини уште подрастично за 4 проценти и сега се продава за помалку од 83 долари за барел, што е нејзина најнинска цена од 26 август, пренесе Трејдинг економикс.

Падот на цените на нафтата уследи откако податоците на Управата за енергетски информации покажаа нов раст на залихите на нафта и нафтени деривати во САД, што ја зголеми загриженоста за понудата на берзите.

Цените на нафтата паднаа за повеќе од 20 насто во ноември, под притисок на подоброто снабдување од Блискиот исток и очекувањата дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе избегне нов воен конфликт со Иран.

 

Слични новости

Дизелот во Франција никогаш поскап, литарот достигна до 2,7 евра за литар

Дизелот во Франција никогаш поскап, литарот достигна до 2,7 евра за литар

Просечната цена на дизелот во Франција денеска достигна рекордни 2,4 евра за литар, надминувајќи го претходниот рекорд од 2,38 ерва за литар забележан во април годинава, покажуваат податоците на француската влада.