Цените на нафтата паднаа за повеќе од 3 насто, при што референтната нафта Брент поевтини на под 102 долари за барел, приближувајќи се кон најниското јниво во последниот месец.

Истовремено, американската сурова нафта ВТИ падна под 96 долари за барел, што е најниско ниво во последните три недели, пренесе Трејдинг економикс.

Со тоа продолжи падот на цените од минатата сесија, кога Брент нафтата поевтини за 7,6 насто, а ВТИ за 7,4 насто, откако е намалена загриженоста за можните пореметувања на снабдувањата со нафта од Блискиот исток.

Слични новости

Годишната инфлација во Бугарија порасна на 6,1 насто во октомври

Годишната инфлација во Бугарија порасна на 6,1 насто во октомври

Годишната инфлација во Бугарија порасна во октомври на 6,1 насто од 5,7 насто колку што изнесуваше во септември и сега е највисока за последните пет месеци, покажува најновиот извештај на бугарскиот национален институт за статистика.

Европа се соочува со недостиг од гас

Европа се соочува со недостиг од гас

Европа е под закана од недостиг на гас, доколку американскиот претседател Доналд Трамп не постигне договор со Иран за деблокада на Ормускиот Теснец, предупреду Меѓународната агенција за енергија