Цената на нафтата Брент денеска на европските берзи падна за 0,62 насто на 92 долари за барел, додека лесната американска нафта ВТИ падна за 0,51 насто на 83 долари за барел.
Цената на нафтата и натаму паѓа и покрај засилените напади врз танкери и бродови во Ормутскиот теснец, но аналитичарите тврдат дека берзите регираат на зголемените светски залихи на нафта.
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушал“ напиша дека цените на нафтата биле „голема измама“ пред американските избори на половина од мандатот и дека сега се враќаат во нормала.
Слични новости
Цената на нафтата падна поради надеж за дипломатско решение меѓу САД и Иран
Цената на нафтата Брент е под 115 долари за барел, откако се обновени дипломатските настојувања за решавање на конфликтот, што ги поттикна надежите за окончување на војната меѓу САД и Иран.
Светската банка прогнозира забрзување на растот на западен Балкан
Според проекциите просечната стапка на раст во Србија, Албанија, Босна, Македонија и Црна Гора ќе достигне до 3,1 насто во 2026, што претставува зголемување од 2,6 насто колку што беше растот во 2025.
Нафтата Брент благо поевтини на 114,9 долари за барел
Цената на нафтата утрово падна за 0,77 насто под 115 долари за барел, а притисокот врз цените по неодамнешниот ценовен шок полека попушта.


