Цените на нафтата и денеска остварија благ пад, бидејќи се повеќе се смирува стравот од недостиг на нафта на берзите. Сировата нафта денеска се продаваше за 72 долари за барел, а референтната нафта „Брент“ за 76 долари за барел.

Цените се доближуваат до вредностите пред почетокот на војната во Персискиот залив, бидејќи се поголем број на танкери ја продолжи пловидбата низ Ормутскиот теснец по напредокот во преговорите меѓу Сад и Иран, пренесува Трејдинг економикс.

Европските берзи денеска тргуваат стабилно, со вредности слични како вќерашните.

Слични новости

Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина

Профитот на „Рајан ер“ намален за една третина

Акциите на ирската нискобуџетна авио-компанија Рајан ер денеска паднаа за повеќе од пет насто, откако компанијата објави дека нејзината нето добивка во првиот квартал опадна за 34 насто меѓугодишно

Цената на нафтата продолжува нагло да расте

Цената на нафтата продолжува нагло да расте

Фјучерсите на референтната нафта „Брент“ поскапеа за 3,14 насто на 90,87 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво од 11-ти јуни. Американската сирова нафта ВТИ поскапе за 2,85 насто на 84,84 долари за барел.