Цената на нафтата Брент повторно се искачи на над 113 долари за барел, приближувајќи се до четиригодишниот максимум од 116,72 долари што го достигна на 23 октомври.
Причина за постојаниот раст на цената на нафтата се засилените геополитички тензии кои ги поттикнаа страхувањата за натамошни пореметувања во снабдувањето со нафта, пренесе Трејдинг економикс.
Американската лесна сирова нафта ВТИ поскапе на 104 долари за барел, достигнувајќи го највисокото ниво од 15 септември, кога беше забележан четиримесечниот максимум од 105,83 долари за барел.
Слични новости
Падот на акциите на технолошките копании го урна оптимизмот на американските берзи
Падот на вредноста на производителите на чипови влијаеше на целиот пазар, па акциите на компанијата „Мајкрон технолоџи“ отидоа во минус за повеќе од пет насто, додека „АМД“ и „Бродком“ ослабнаа за 3, односно 2 насто.