Цената на дизел горивото во Франција достигна просек од 2,41 евра за литар, што претставува нов рекорд во жижата на геополитичката криза која сериозно ги наруши пазарите во снабдувањето со енергенти, пренесуваат француските медиуми.
Податоците за просечната цена на дизелот во Франција се добиени врз основа на податоците за повеќе од 8.700 бензински пумпи, пренесе Фигаро.
Медиумите пренесуваат дека не некои бензински станици дизелот се продава за 2,90 евра за литар и се приближува до симболичната граница од 3 евра за литар.
Слични новости
Падот на акциите на технолошките копании го урна оптимизмот на американските берзи
Падот на вредноста на производителите на чипови влијаеше на целиот пазар, па акциите на компанијата „Мајкрон технолоџи“ отидоа во минус за повеќе од пет насто, додека „АМД“ и „Бродком“ ослабнаа за 3, односно 2 насто.