Царински службеници на граничниот премин Блаце, на влез во државата, спречија обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари кои биле наменети за продажба на македонски пазар.
Против сторителот, од страна на Одделението за истраги, е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.
Со ова е спречен обид за нелегална трговија со акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки во износ од 744 илјади денари, од кои 342 илјади денари се однесуваат на акциза.
Сторителот Ф.Б. државјанин на Македонија набавил вкупно 480 пакувања тутун за наргиле од по 250 грама од лице од Приштина и истите ги сокрил во багажникот, при што дел ги сместил во просторот наменет за резервна гума, а останатите ги покрил со прекривка.
Слични новости
Продолжен домашниот притвор на Артан Груби
На Артан Груби му е продолжен домашниот притвор 24 часовен полициски надзор по предлог на Обвинителството. Груби е во притвор за злоупотребите во Државна Лотарија.
СДСМ поднесе закон и сите владини функционери да немаат двојно државјанство и законот да важи веднаш
Предлог-законот со кој би се забранило пратениците во Собранието да поседуваат двојно државјанство, да се имплементира и за сите избрани функционери
Приведен поранешниот претседател на ФФМ, Мухамед Сејдини
Приведен е поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини во акција на Министерството за внатрешни работи, поради сомнеж за проневера од 700 000 евра.


