Царински службеници на граничниот премин Блаце, на влез во државата, спречија обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари кои биле наменети за продажба на македонски пазар.

Против сторителот, од страна на Одделението за истраги, е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. 

Со ова е спречен обид за нелегална трговија со акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки во износ од 744 илјади денари, од кои 342 илјади денари се однесуваат на акциза.

Сторителот Ф.Б. државјанин на Македонија набавил вкупно 480 пакувања тутун за наргиле од по 250 грама од лице од Приштина и истите ги сокрил во багажникот, при што дел ги сместил во просторот наменет за резервна гума, а останатите ги покрил со прекривка.

 

Слични новости

АВМУ: Пресудата против Лиридона Вејсели е притисок врз медиумите

Кривичното гонење на новинари за објавување податоци за носители на јавни функции во контекст на извршување на нивната професионална работа, создава притисок врз медиумите и го ограничува правото на јавноста да биде информирана.

Од утре почнува да казнува „Сејф сити“

Од утре официјално започнува примената на системот „Сејф сити“, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во полна функција.